Како изгледа животот во најстуденото населено место на Земјата? Рекордно измерена ниска температура: -71.2 степени целзиусови
Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Станува збор за село кое што е сместено во источниот дел на Сибир. Најниската температура која што била измерена таму во 1933-та година изнесувала – 71.2 степени целзиусови. Тоа е бројката која што ќе ја видите напишана на многубројните сувенири доколку некогаш го посетите местото.