[ВИДЕО] Многумина ја прогласија оваа божиќна реклама за најтрогателна, расплака милиони

Точка

28/11/2023

16:17

2.402

Големина на фонт

а а а

Божиќната реклама која ја снимил еден паб во Северна Ирска ги расплака луѓето ширум светот. Кога сопственичката на „Charlie's Bar“ со седиште во Енискилен, во округот Ферманаг, Уна Брнс ја објавила рекламата, таа не очекувала дека истата ќе стане вирален хит.

Едноставната, но многу трогателна реклама на пабот прикажува старец кој шета сам низ градот со потиштен израз на лицето. Кога влегува во барот, му се придружува еден пар и нивното преслатко куче кои седат, пијат и разговараат со него. Луѓето на интернет советуваат да подготвите кутија со марамчиња пред да ја погледнете.

Над 8 милиони прегледи

Посочувајќи ја осаменоста на многумина за време на празниците, рекламата ги освои социјалните мрежи, а некои гледачи дури ја споредија со ремек-делата кои „John Lewis“ ги создаваше низ годините.

Видеото доби повеќе од 8 милиони прегледи на „X“.

„Ние сме само мал, локален паб и се што сакавме беше божиќна реклама која ќе одекне меѓу луѓето. Божиќ може да биде навистина тежок период за некои луѓе. Не очекувавме ваква реакција, прекрасно е да се читаат коментарите на луѓето“, изјавила Брнс за „PA News Agency“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг