Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер, кој ја погоди северозападна Кина, загинале најмалку 126 лица во провинцијата Гансу и соседната провинција Цингхај.
Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер, кој ја погоди северозападна Кина, загинале најмалку 126 лица во провинцијата Гансу и соседната провинција Цингхај.
Земјотресот се случил во понеделникот во 23:59 часот по локално време, на длабочина од 10 километри во округот Џишишан во Гансу, на околу 100 километри југозападно од главниот град Ланџоу.
Во него биле повредени најмалку 700 лица и оштетени околу 6.400 куќи, патна и друга инфраструктура, соопштиле денеска локалните кинески власти.
Потврдено е дека 113 луѓе загинале и 536 биле повредени во провинцијата Гансу, рекол портпаролот на локалното одделение за вонредни ситуации на прес-конференција.
Уште 13 луѓе загинале, а 182 биле повредени во Чингхај, во областа северозападно од епицентарот, јавуваат државни медиуми. Уште 20 се водат како исчезнати во Чингхај откако биле затрупани во свлечиште, пренесува „AP“.