Рангник излезе со свој коментар за работната етика на Санчо по неговото заминување од Јунајтед

Дерби

15/01/2024

18:01

566

Големина на фонт

а а а

Ралф Рангник ја презема Австрија и покажа дека може да оствари одлични резултати кога се дава време за неговата методологија, па во ситуација кога има доста слободно време до Европското првенство во Германија, искусниот стручњак се огласи за една тема која е многу популарна во Премиер лигата и Бундеслигата.

Џејдон Санчо се врати во Борусија Дортмунд и запиша асистенција на првиот меч кој го одигра по кам-бекот, а навистина беше интересно да види дека Англичанецот игра со насмевка на лицето после тешките месеци кои ги остави зад себе.

Санчо беше прецртан од страна на Ерик Тен Хаг поради недисциплина и на крајот тоа резултираше со трансфер во раната фаза на јануарскиот преоден рок, па германските медиуми побараа мислење од Рангник за фудбалската етика на Санчо со оглед на тоа што соработуваше со него.

– Санчо ги имаше своите најдобри фудбалски денови во Борусија кога беше целосно здрав. Исто така секогаш играше за мојот тим кога беше фит и подготвен за настап. Секогаш имаше добри настапи кога го ставав во игра, а за жал таква на беше ситуацијата во последно време во Манчестер. Од негова гледна точка, сметам дека потегот кој го повлече е перфектен.

– Шест месеци соработував со него и можам да кажам дека неговата работна етика е извонредна. Немав ниту еден дисциплински проблем со него во моето време во клубот. Сосема спротивно, тој е многу мирно и пријатно момче, – изјави Рангник за „Скај Германија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг