Раиола за опциите на Халанд: Ќе ја бараме…

Дерби

20/12/2021

11:00

1.796

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд дефинитивно ќе биде меѓу најспоменуваните играчи наредната година, а причината за тоа е секако неговата иднина и можноста да си замине од Борусија Дортмунд.

Норвежанецот по одличната епизода во РБ Салцбург дефинитивно се потврди и во дресот на „милионерите“, па сега целиот фудбалски свет го очекува следниот негов клуб.

Постојано има различни информации за тоа што може да се случи со него, меѓутоа човекот кој има чист поглед на работите е агентот Мино Раиола кој одлучи да одговори на неколку прашања.

- Халанд ја чека Барселона? Халанд може секого да чека, - рече Мино кој демантираше дека Ерлинг има преддговор со Реал Мадрид.

- Немаме преддоговор со ниту еден клуб. Ќе ја бараме најдобрата опција, исто така не ја отфрлам да остане во Дортмунд уште една година, - истакна Раиола за „НОС“.

Договорот на голгетерот со бунделсигашот е до 2024 година.