H&M нуди мода, дизајн и услуги кои инспирираат и им помагаат на луѓето да го изразат нивниот личен стил. Бизнис идејата на H&M е „мода и квалитет по најдобра цена, на одржлив начин“.
Многу сме возбудени што ја отвораме нашата прва продавница во Северна Македонија, на 18 август 2022 година. Отворањето на продавница во Северна Македонија отсекогаш беше интересна и стратешка можност за H&M. Сепак, сакаме секогаш да сме физички присутни онаму каде што се нашите потрошувачи, со цел да одговориме на нивните големи очекувања, нудејќи им ја најдобрата комбинација од мода и квалитет по најдобра цена, на одржлив начин.
Го видовме долгорочниот потенцијал за развој на пазарот во земјата и подолго време бевме во потрага по совршените услови кои ги исполнуваат нашите барања за да влеземе на пазарот во Северна Македонија. Возбудени сме што конечно ја отвораме нашата прва H&M продавница во еден од најдобрите трговски центри во земјата, Ист Гејт Мол, која се протега на површина од 2.300 м2 за да ги задоволи сите потреби на потрошувачите.
Постојано ги ажурираме и правиме проценки на нашиот асортиман, барајќи го совршениот микс на производи, со цел да се осигураме дека секогаш ќе ја испорачаме вистинската рамнотежа помеѓу основните парчиња облека, актуелната мода и последните, водечки трендови. Продавницата во Скопје ќе нуди модни концепти за Жени (Секојдневна облека, Скроена за вас, Основни парчиња, Мајчинска облека, Кежуал, Костими за капење, Тексас, обувки за Жени и модни додатоци), потоа за Мажи (Современа/Кежуал/Улична, Костуми, Стандардна линија, обувки и модни додатоци), Поделена, како и Детска облека (Мали девојчиња/момчиња, Големи девојчиња/момчиња, обувки), Бебешка, H&M Спортска облека за жени и H&M Спортска облека за мажи.
H&M нуди мода, дизајн и услуги кои инсипираат и им помагаат на луѓето да го изразат нивниот личен стил. Многу сме среќни што конечно ќе можеме да им понудиме на нашите потрошувачи од Северна Македонија голем и разновиден избор на мода што инспирира и неспоредлива вредност за вложените пари. Секогаш сакаме да инспирираме, да ги изненадуваме нашите потрошувачи и да ги надминуваме очекувањата, така што останете со нас за да дознаете за сите колекции и понуди, сезона по сезона.
Со тоа што сме секогаш ориентирани према купувачот, како и поради инклузивниот пристап, на потрошувачите секогаш им нудиме холистичко шопинг искуство. Сакаме сите наши потрошувачи да се инспирираат преку нивното патување од излозите на нашата продавница, до уникатните стилски предлози во секој оддел на продавницата. Модерниот ентериер, најсовремените материјали и одржливите избори исто така го надополнуваат пријатното и позитивно искуство во секој чекор од шопинг искуството.
Бизнис идејата на H&M е „мода и квалитет по најдобра цена, на одржлив начин“. Сакаме да го направиме модниот избор достапен и пријатен за сите, со цел да ги изненадиме нашите потрошувачи, да ги надминеме нивните очекувања и да им понудиме различни начини за да го истражат нивниот личен стил. Така што, изборот на колекции и понудата во продавницата ги бираме според потребите на нашите потрошувачи.
Се наоѓаме во време на брза трансформација каде што потрошувачите се во фокусот и нашата мисија е да обрнеме внимание на нивните потреби и на база на тоа да ги правиме нашите одлуки и да ги реализираме нашите цели на најодржливиот начин. Наша главна мисија е да понудиме уникатно шопинг искуство кое ќе го позиционира брендот во умовите на потрошувачите како главна дестинација за мода, креативност и култура.