Откриена јавната тајна на Закерберг, за која "Meta"би можел да плати голема казна

Точка

27/11/2023

15:48

1.995

Големина на фонт

а а а

"Meta" е веќе навикната на критики и тужби, а доколку новите обвинувања се покажат како вистинити, се соочуваа со висока парична казна.

Старосната граница за многу социјални мрежи и платформи е 13 години, односно на оние под 13 години им е забрането да користат "Instagram", "Facebook", "TikTok" и други платформи.

Имено, според американскиот закон, незаконски е собирањето лични податоци на лица помлади од 13 години, додека во Европа е донесена регулатива според која на сите малолетници не смеат да им се прикажуваат реклами врз основа на нивната активност на интернет, се во со цел да се заштитат најмладите.

И покрај фактот дека на децата под 13 години им е забрането да користат социјални мрежи, милиони од нив ширум светот користат "Instagram", "TikTok", "Pinterest" и многу други мрежи, бидејќи овие платформи лесно може да се измамат и да се внесат погрешни информации.


Во тужбата против "Meta', која ја поднесоа 33 американски сојузни држави, а некои детали излегоа во јавноста, се нагласува дека компанијата на Закерберг добро знае дека милиони корисници помлади од 13 години користат "Instagram" и се обидува да ги скрие овие информации од јавноста.

"Meta" затвори некои од овие сметки, но ова е само мал дел од сметките на лица помлади од 13 години кои секојдневно ја користат социјалната мрежа.

Како што пренесува "Zimo", тоа е една од јавните тајни на "Meta" која често се документира, анализира и потврдува во компанијата. Доколку се докаже дека компанијата знаела за такви профили и не ги затворила, се соочува со висока казна.


Исто така, во истиот документ кој протече во јавноста, се тврди тоа во што сите можеме да се сомневаме од пракса, а тоа е дека "Meta" намерно ги дизајнирала своите социјални мрежи, посебно "Instagram", така што младите (но и многу постари) станат зависни од нив.

Меѓу другото, во тужбата се споменува и односот кон малолетните корисници чии податоци компанијата продолжува да ги собира, вклучително и информации за податоци за контакт и локација.

Овие податоци, се разбира, можат да се користат за рекламирање на корисниците, односно Мета заработува пари врз основа на тоа.


Откако овие податоци, односно обвинувањата се појавија во јавноста, "Meta" реагираше со соопштение во кое тврди дека во тужбата се користат селективни цитати и избрани документи, кои суштински не ја прикажуваат ситуацијата во вистинско светло и нагласуваат дека кога ќе идентификуваат профили на лица помлади од 13 години, применуваат мерки за нивно отстранување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг