[ВИДЕО] Девојка која не ни постои, ја објави својата прва песна: Луѓето се бесни

Точка

28/11/2023

14:30

3.715

Големина на фонт

а а а

АИ „пејачката“ Ана Индијана ја лансираше својата прва песна. Имено, и Ана и нејзината музика се целосно производ на вештачката интелигенција, која и понатаму предизвикува загриженост во креативните индустрии.

Која е Ана Индијана?

Ана Индијана е вештачки создаден музички уметник кој неодамна се појави на X (поранешен Твитер). Нејзините иницијали, AI, го означуваат нејзиното потекло бидејќи сè, од нејзиниот изглед до нејзината музика е направено со технологија за вештачка интелигенција. На X беше објавено видео на кое се гледа како Ана снима песна во музичко студио.

Насловот објаснува: „Здраво свету! Јас сум Ана Индијана и сум пејачка и текстописец со вештачка интелигенција. Еве ја мојата прва песна „Betrayed by this Town“. Сè - од тон, темпо, акорди, ноти, мелодија, ритам, текст и како и мојата слика и пеење – се автоматски генерирани од вештачката интелигенција. Се надевам дека ќе ви се допадне“.


Песната „Betrayed by this Town“ е поп-балада, а текстот накратко зборува за тоа како девојките седеле во кафуле, пиеле чај и размислувале за мажите кои ги изневериле. Но, луѓето не се многу ентузијасти за песната, а уште помалку за идејата да се користи вештачка интелигенција наместо човечка креативност.

Луѓето коментираат: „Никој на светот не го сака ова“

Едно лице коментираше: „Убава демонстрација за тоа како би звучела музиката доколку се отстранат сета креативност и страст. Сигурен сум дека мојата микробранова печка ќе го слуша ова“. Музичарот Џејмс Блејк се потсмеваше на видеото, пишувајќи: „Ова ме доведе до солзи. Многу сум возбуден за иднината“.

„Порано мислев дека вештачката интелигенција е закана, не повеќе“, додал некој друг. Друг тврдел: „Никој во светот не ја сака оваа технологија. Користете вештачка интелигенција за да си ја олесните работата, а не да ги уништувате активностите во кои уживаме“. „Ова е ѓубре“, напишал некој друг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг