Невил за младиот ас на Јунајтед: Ме боли ова што ќе го кажам, ама тој е перфекен играч за Сити

Дерби

28/11/2023

14:57

1.240

Големина на фонт

а а а

Гери Невил немаше успех кога е во прашање тренескиот занает, па сега продолжува да работи, функционира како стручен аналитичар, коментатор, колумнист, поточно постојано е активен и актуелен.

Неговото искуство, собрано знаење низ годините е големо и секој негов искажан, издржан став има тежина.

Тој како поранешен играч на Манчестер Јунајтед дефинитивно сака да гледа како „црвените ѓаволи“ се успешни, се борат за титули, а со оглед на тоа што се случува по замиинувањето на сер Алекс Фергусон тој има испратено многу критики без разлика на тренерите, раководството, играчите, ама кога треба да пофали, додели комплименти исто така тоа го прави, па така последен играч кој го импресионираше е младиот Коби Мејну кој имаше квалитетен настап против Евертон.

Тој е воодушевен од него, ама во исто време со тешко срце признава дека истиот изгледа како играч за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.

- Знаеме дека е класа, знаеме дека има класа, ја има таа способност, но изгледаше класа во таа средина. Секогаш ги судам играчите кога е најтешкиот дел од играта. Кога Манчестер Јунајтед го имаше најтешкиот период во првото полувреме, непосредно пред полувремето во 20 минути, мислев дека тој е единствениот играч кој се појави, единствениот играч кој сепак личеше на себе.

- Најголемиот комплимент што можам да му го дадам, а ме боли да го кажам ова, се надевам дека луѓето ќе го сфатат ова во вистинскиот дух… тој изгледаше како играч на Манчестер Сити. Искрено, го гледав и си мислев: „Тоа е играч кој Пеп Гвардиола ќе го гледа и ќе си помисли: „Го сакам во мојот среден ред, тоа го прават моите играчи од средниот ред“.

- За среќа Јунајтед го има затоа што изгледа толку сталожено, толку грациозно, секогаш гледа преку неговото рамо, знаејќи каде се сите. На 18 години тоа да го прави таму, ќе има потешки натпревари, има долг предизвик пред него, ќе има повреди, подеми и падови, ќе има други играчи кои влегуваат, тој игра во клуб со огромни барања. Но, тоа беше многу, многу добро, - заклучи Гери за „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг