„Инстаграм“ воведува нова опција која ќе им се допадне на многумина: Досега беше достапна само во Америка, но има една „цака“

Точка

28/11/2023

17:46

1.574

Големина на фонт

а а а

Наскоро, Reels видеата ќе можат да се преземаат, а не само да се зачувуваат на „Инстаграм“, како што беше случај досега.

Од јуни, на корисниците на „Инстаграм“ во САД овозможено им е да го преземаат Reel видеото, а не само да го зачуваат на споменатата мрежа. Оваа опција наскоро ќе биде применлива и за корисниците ширум светот.

Оваа промена ја најавил шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери.


Сепак, и овде ќе постои една „цака“. Reels кои ќе бидат преземени од „Инстаграм“ ќе имаат воден печат, кој ќе го има логото на „Инстаграм“ и името на налогот. Ова не е новост, бидејќи „ТикТок“ и „Јутјуб“ веќе имаат нешто слично, а сè со цел како би се осигурале дека преземената содржина покажува од кој сервис потекнува, доколку потоа биде објавена на друг.

Уште една работа е што Reels со лиценцирана музика ќе бидат преземени без звук, па ќе се слушаат само оние со оригинален звук.


Доколку постојат корисници кои воопшто не сакаат нивната содржина да биде преземена од „Инстаграм“, можат да одат во Settings > Privacy > Reels and Remix и ја исклучат опцијата „Allow people to download your Reels“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг