Алкалоид поразен од Војводина

Макфакс

28/11/2023

20:50

646

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Алкалоид го забележаа четвртиот пораз во петтиот натпревар, во Ф групата во Лига Европа. Вечерва во Нови Сад, Војводина го победи Алкалоид со 34:29 (16:11).

Секој натпревар во Лига Европа е голема школа за младиот тим на Алкалоид. Тоа го покажа и дуелот против Војводина.

И овој натпревар, кога е во прашање Алкалоид го обележаа осцилации во играта и технички грешки.

Алкалоид парираше до резултат 8:7, потоа Војводина со серија 4:0 се одлепи на четири гола, а ракометарите на македонскиот вицепрвак во ниту еден момент не успеаја да ја оспорат предноста на противникот.

Ако и имаше дилеми околу конечниот победник по првото полувреме, Војводина сите дилеми ги реши во првите шест минути од вториот дел кога ја зголеми предноста на 20:13.

До крајот Алкалоид неколку пати успеа да дојде до минус од четири гола, но повеќе од тоа едноставно не можеше.

Војводина до победата го предводеа четворица играчи кои заедно постиггнаа 29 од 34 гола. Азиз постигна девет, Воркапиќ и Пуховски по седум, а Голубовиќ шест гола.

Најдобар играч на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, Митев постигна шест, а Стојковиќ пет гола.

Војводина со оваа победа, четврта во пет натпревари си обезбеди место во нокаут фазата, додека Алкалоид остана на еден бод.

Сезоната во Лига Европа, Алкалоид ќе ја заврши на домашен терен против Ла Риоха.



Спонзорирани линкови

Маркетинг