Социјалните служби и ги одзедоа децата на мајката чие четиригодишно дете со тешки повреди беше донесено на Детска клиника: Одреден е старател

24 Вести

21/01/2024

23:58

814

Големина на фонт

а а а

Откако со тешки повреди по телото пред 5 дена четиригодишно девојче беше згрижено во Клиничкиот центар во Скопје, социјалните служби за другите три малолетни деца од ова семејството одредиле старател по службена должност.

„Телма“ пишува дека од Министерството за труд и социјална политика велат дека семејството не е евидентирано во систем, бидејќи привремено престојувало во Струмица и немале лични документи, па не остваруваат ниту права од социјална и детска заштита.

Според информациите од Министерството, во текот на наредните работни денови случајот ќе продолжи да се следи и ќе се преземат законските мерки за заштита на децата. Предвидено е и работа со мајката со стручен тим во однос на зајакнување на капацитетите во делот на родителство и грижа за децата. Во тој период децата ќе бидат сместени во згрижувачко семејство.

Инаку, четиригодишното девојче со рани и скршени ребра првично било примено во струмичката болница по што поради сериозноста на повредите, истиот ден е префрлено на Детската клиника во Скопје.

Мајката на девојчето пријавила дека детето е повредено при напад на куче, а случајот го води основното јавно обвинителство во Струмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг