Исплива снимка од снимањето на „Rust“: „Не сакам да пукам кон тебе“, ѝ вели Болдвин на камерманката која неколку дена подоцна ја усмрти
Се појави ново видео од снимањето на филмот „Rust“ во Њу Мексико од 2021 година во кое Алек Болдвин ѝ вели на камерманката и директор на фотографија Халина Хачинс да се помести на страна за да не пука во нејзин правец. Неколку дена подоцна актерот ја усмрти Халина на сетот и го рани режисерот Џоел Соуза. „Не сакам да пукам кон тебе. Сакам да пукам блиску до тебе“, се слуша тој на снимката што ја објави „NBC News“.