Глетки од ѓубре и отпад кој плови во огромни количини во Дринското езеро на подрачјето Вишеград се претвориле во еколошка катастрофа. Отпадот од пластика и тешки метали, гуми, дури и делови од автомобили, бела техника, шишиња и разно ѓубре во тони плови по Дринското езеро, а според процентките, меѓу шест и осум илјади кубни метри различен отпад годишно се вади од езерото.