Сопственичка на пицерија во Италија на хомофоб му рекла дека повеќе не е добредојден, беше пронајдена мртва

Нова Македонија

15/01/2024

17:59

715

Големина на фонт

а а а

Сопственичка на италијанска пицерија е пронајдена мртва, објави денеска новинската агенција АНСА. Телото на сопственичката на Ле Вињола во Сант Анџело Лодиџано, на северот на земјата, беше пронајдено вчера на брегот на реката во близина на нејзината пицерија.

Таа се најде во центарот на вниманието по остар одговор на посетител кој се пожали во објава на интернет дека морал да седи покрај „неколку геј мажи“ и „момче во инвалидска количка кое едвај може да јаде“.

Објавата подоцна беше избришана. Сопственичката на пицеријата била пофалена за нејзиниот одговор кога му рекла на посетителот дека повеќе не е добредојден во нејзиниот ресторан.

Други објави на социјалните мрежи, сепак, ја доведуваат во прашање нејзината верзија за настаните. Познат новинар сугерираше дека тоа е измислено и ја обвини жената за маркетиншки трик.

Причината за нејзината смрт останува нејасна и наредена е обдукција. Полицијата го пронашла автомобилот на жената на брегот на реката каде било пронајдено нејзиното тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг