Кој кого нападнал на Клиниката за кардиохирургија? Објавено видео од инцидентот помеѓу Сашко Јовев и Марјан Шокаровски

Инцидентот помеѓу кардиохирургот, д-р Сашко Јовев, и директорот Марјан Шокаровски кој беше пријавен и во полиција, најверојатно не бил само вербален како што тврдеа од Клиниката, а подоцна и од д-р Јовев. До редакцијата на порталот „А1он“ пристигнале две видеа од безбедносните камери во ходниците на државната Клиника за кардиохирургија на кои се гледа дека помеѓу д-р Јовев и д-р Шокаровски има повеќе од вербална расправија која сам ја пријави д-р Јовев во полициската станица во Центар.